НАЧИН НА ДЕЛУВАЊЕ И ПАТЕКА ДО 2010 ГОДИНА
Со цел поефикасно да излезат во пресрет на новите предизвици, политичко економските и социјалните околности во Македонија, во есенските денови на 2007 членовите на ИППЛГ започнаа да работат на глобалниот акционен план кој како водилка ќе ја трасира патеката на движење и делување до 2010 година.
Глобалниот акционен план на Македонски и Англиски јазик беше сместена во брошура, во која покрај целта за постоењето на ИППЛГ, се изнесени и четирите главни одредници:
-
Зајакнување на капацитетот на ИППЛГ
-
ИППЛГ како модел кој треба да се следи
-
Законски иницијативи
-
Мониторинг и имплементација на политиките и законските акти
Секоја од овие одредници е составена од сет на активности кои на членовите на ИППЛГ ќе им овозможат поефикасно и подобро да ги застапуваат правата на лицата со хендикеп во Македонија.